Наставник по природни науки од рурална област на Кенија, кој подарувал поголем дел од својата плата за поддршка на посиромашните ученици, освои награда од 1 милион долари за најдобар учител во светот.
Питер Табичи,ја освои Глобалната награда за наставници за 2019 година.
Тој е пофален за неговите достигнувања во лоши услови во училиште со преголем број часови а само неколку учебници. Тој сака учениците да видат дека “науката е пат по кој треба да се оди” за нивната иднина.
„Не е се во парите“ вели Питер, чии ученици се од многу загрозени семејства, некои се деца без родители или сирачиња.
Наградата, објавена на церемонија во Дубаи, ја признава извонредната посветеност на наставникот на учениците во оддалечениот дел на Кенија, Рифт.
Тој подарувал дури 80% од неговата плата за поддршка на учениците, во средното училиште “Керико” во селото Пвани, Накуру, кои инаку не можеле да си дозволат униформи или книги.
Наставникот вели дека неговата главна цел е промовирање на науката не само во Кенија, туку и во цела Африка.