Печени компири во пиво

Вака испечените компири се идеални по своите вкус, боја, мирис…

Потребно е:
1,5 кг компири
2 лажици сенф
250 мл пиво
100 мл маслиново масло
сол, свежо мелен црн пипер

Подготовка:
– Компирите измијте ги убаво, излупете ги и исечети ги на парчиња. Ставете ги во еден сад, посолете ги и додадете ги сенфот и маслиновото масло. Убаво измешајте.

– Вака подготвените компири ставете ги во тава за печење, прелијте ги со пиво, покријте ги со фолија и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу еден час.

– На крај извадете ја фолијата и допечете ги уште 10-тина минути.

Треба да знаете
Последни објави