Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на вчера во периодот од 14 до 22 часот спроведе акциска контрола за санкционирање возачи кои ги кршат сообраќајните правила.Преземени се вкупно 139 мерки против возачи на моторни возила и задржани се 40 сообраќајни дозволи под сомнение за техничка неисправност (зголемена бучавост и непрописни фолии) и истите се упатени на вонреден технички преглед. Исто така констатирано е дека 15 возачи управувале нерегистрирани возила, 14 возачи управувале возило без возачка дозвола, шест возачи управувале возила без соодветна категорија на возачка дозвола, 24 возачи управувале моторцикл без заштитен шлем, а санкционирани се и други прекршоци.