Од 9 до 14 часот утре без струја ќе останат корисниците од улицата „Алексо Демниевски„ подулици 1, 3 , 5 и 7 во Општина Ѓорче Петров и од 8:30 до 11:30 часот корисниците од булеварот „Јане Сандански” згради бр.19 и 21 во Општина Аеродром.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија е поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во градот .