На 23.03.2019 година во 13,00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во атарот на с.Манастирец на место викано Солинари во правец кон место викано Љубаш. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани ШС Бор Кавадарци, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и три возила од ЈП Комуналец. Со нивна интервенција пожарот бил целосно локализиран во 07,30 часот на 24.03.2019 година. Пожарот опфатил површина од околу 25 хектари и била опфатена сува трева и нискостеблеста шума.