Во организација на националистичката Српска радикална партија (СРС) денеска во центарот на Белград се одржа протестен марш по повод 20-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија, на кои беа запалени знамиња на ЕУ и Алијансата.
Маршот започна од улицата „Кнез Михаилова” и заврши пред Претседателската палата.
Учесниците на маршот ги предводеше лидерот на СРС и осуден воен злосторник од страна на Хашкиот трибунал, Воислав Шешељ, кој на почетокот на собирот запали знамиња на Европската унија и НАТО.
Шешељ при тоа изјави дека со палењето на знамињата „сакал да покаже што мисли за ЕУ и НАТО”.