– Играчот на Арсенал, Гранит Џака, не е сигурен за својата иднина кај „топџиите”. Џака смета дека е време да го преземе следниот чекор во својата кариера.
„Многу сум амбициозен, сакам да го направам следниот чекор” изјави Гранит Џекка за „Тагблат”.
Интересно е дека минатата година Џака, кој е роден во Косово, потпиша нов петгодишен договор со Арсенал.
Дваесет и шест-годишниот фудбалер се приклучи на лондонскиот тим во 2016 година со трансфер од Борусија Менхенгладбах.