Оваа жена заработува милиони: Не е проституција, за оваа работа никогаш не сте слушнале!
Луана Вард се занимава со работа со која заработува милиони. Таа ги спојува богаташите со убави девојки, а целта како таа вели е брак.
Иако многумина веднаш помислуваат дека станува збор за проституција, Луана тврди дека нема ништо лошо во тоа да им помогне на луѓето да ја пронајдат својата вистинска љубов. Таа услуга ја наплатува 15.000 долари.
Во мојата агемција се богати и убави луѓе. Ако сакате квалитет, тоа морате да го платите. Ова не е никаква проституција, ова функционира како сајт на кои самите луѓе се запознаваат, само што тука имаат посредник, па се е сигурно. Нема страв од тоа дека можете да налетате на лажни луѓе, вели Луана.
Со оваа работа започнала да се занимава во Перт кога имала 19 години, а потоа на 23 ја отоворила својата агенција.
„Цел живот ми е посветен на оваа работа. Кај мене немоеже да се случи грешка. А доаѓаат разни луѓе. Нема да верувате, дури има и славни политичари“, вели таа.
Таа открива и на кој начин функционира:
„Моите клиенти воглано се богати мажи и убави жени. Мада има и обратни случаи. Тој кој бара некоја личност, јас од базата му испраќам фотографии и каратеристики од таа особа. Ако се допаднат еден на друг, тогаш им договарам состанок. Па потоа се зависи од нив. Многу од мажите кои ме контактираат имаат јахти, па пожелно е девојката да сака бродови. Често организираме забави на тие јахти, па повеќете од нив наеднаш се запознаваат, вели Луана.
Таа истакнува дека е најсреќна кога тие познанства водат кон брак.
„Тоа е цел. Да ја пронајдеш љубовта на својот живот. Мажите не бараат нивната партнерка да има пари, бараат да биде духовита, и да го има “тоа нешто“, да е пријатна дружељубива и да имаат заеднички интереси. Жените од друга страна бараат сигурност и добар човек на кого можат да се потпрат и да рачунаат на него“, вели Луана.
Луана назначува дека за нејзе ова е најдобрата работа на светот „Има ли нешто поубаво од тоа да сте вие таа која ги спојувате сродните души“?