Швајцарците во паника по ѕверското убиство на дете: Родителите во шок, повеќе не ги пуштаат децата сами на улица
Швајцарија е во шок, по незапаметеното злосторство што се случи во четвртокот, кога жена (75) го избоде со нож среде улица 7-годишниот Мергим Л. по потекло од Косово.
Старицата по злосторството побегнала, но полицијата набрзо ја уапси. Меѓутоа, мотивот за злосторството останува и натаму непознат.
„Жената не е поврзана со семејството на жртвата и не го познавала детето. Го избодела со нож во вратот, на улицата, додека тоа се враќало од училиште. Детето почина во болница, раскажува една Швајцарка со хрватско потекло која цел живот живее во околината на Базел.
Детето го пронашла учителката додека лежело во локва крв на улицата, на 200 метри од училиштето. Ни жителите на Базел се уште не знаат што довело до злосторството.
„Сомневањето е дека жената има психички проблеми, и таа е сместена во психијатриска болница и под надзор на лекари. Полицијата ништо не соопштува зошто ни тие точно не знаат што се случило и кои се мотивите за убиството на детето“.
Децата до четвртокот безгрижно одеа пешки на училиште или со јавен превоз. Меѓутоа, по трагедијата, многу родители сега своите деца ги возат со автомобили зошто се плашат сами да ги пуштат на улица.
„Во делот од Базел каде се случи ова злосторство сите се во шок. Некои родители и деца се плашат, но никој не верува дека тоа би можело да се повтори.
-Ова навистина толку ретко се случува, луѓето знаат дека жената сега е затворена, дека повеќе не е на улица и поради тоа стравот е помал. Не можам да верувам дека тоа овде се случи. Убиено е дете без причина, на улица.
-Нешто очигледно не е во ред со неа, раскажува една девојка.
Во саботата е одржан погребен марп за убиеното дете. Од четвртокот на местото каде жената го изврши злосторството шокираните и потресени граѓани оставаат цвеќе и играчки и палат свеќи.