Пациент кој преживеал мозоченн удар, цело време лежел парализиран во болничкиот кревет и го слушал ужасот додека лекарите говореле за неговото девојче и за тоа како да му соопштат дека нема да преживее. Уште пострашното доаѓа подоцна, кога лекарите меѓу себе, тивко разговарале за продажба на неговите органи за брза заработувачка.
Џими Фризи (43), го слушнал секој збор, но не можел да реагира затоа што не бил во можност да се помрдне или да говори.
„Само моите уши и очи функционираа. Тие (лекарите) и рекоа на моето девојче дека нема надеж“, изјави Џими.
Неговото семејство било со скршени срца, а стигнале и неговите пријатели со цел да се простат од него, откако лекарите им укажале дека по скенирањето на мозокот, утврдиле дека има нула проценти шанси за успех, за да се извлече жив.
Додека кружеа околу неговиот болнички кревет, лекарите го прашувале семејството за можноста за донирање на неговите органи откако ќе умре, не сваќајќи дека господин Фризи можел да го слушне разговорот.
Тој на крајот се опоравил откако неговото семејство побарало второ мислење од друг лекар, кој брзо сватил дека Џими бил целосно свесен и можел да има целосно опоравување.
Добил и кортизон и отокот на мозокот спласнал. Потребни биле три недели пред да биде во можност да ја раскаже својата приказна за ноќната мора која ја слушнал во разговорот меѓу лекарите за продажбата на неговите органи.
Тој покренал тужба против лекарите за кршење на правилата, со расправата за донирањето на органите пред пациентот за кој мислеле дека мозокот му е мртов, пишува порталот „The Local“.
Неодамна на „Wall Street Journal“ бил објавен шокантниот извештај за индустријата со донираните органи, тврдејќи дека лекарите редовно ги земаат органите од пациентите, кои сеуште се живи. Новите американски прописи им допуштаат на лекарите да „вбризгуваат парализатор“, доколку телото не престане да се мрда, за да „безбедно“ ги отстранат органите.
„Често болницата може да заработи повеќе пари од мртвото тело, поради земањето на органите, отколку што може да заработи од наплата на трошоците на пациентите чиј живот го спасиле. Тоа особено вреди во случаите кога пациентот нема здравствено осигурување, и ќе биде тешко да се наплати огромната медицинска сметка.
Новите прописи се покажале контроверзни меѓу медицинскиот персонал, а многу анестезиолози, и сестри јавно просведочиле за пазарот со „лешеви“ и грчењата кои се случувале со истите во текот на операцијата на отстранувањето на органите.
Но господин Фризи не можел ни да пишува ниту да се помрдне, како лекарите би добиле знак дека може да ги слушне како разговараат за тоа што можеле да направат со неговите органи.
Господин Фризи, кој претрпел крварење на мозокот, додека со својата девојка и блиското семејство одморал на архипелагот Готхенбург, сега подигна тужба против болницата и бара да лекарите се преиспитаат во истрагата поврзана со црниот пазар на органи.
Болничкиот портпарол изјави дека тие соработуваат со истражителите и дека ќе дојдат до дното на она што точно се случувало.