Еден пилот загинал откако со авион удрил во куќа во Боцвана во обид да ја убие својата сопруга со која преходно се скарале. Чарлс Вилџен, пилот на воздухопловната компанија „Калахари“ со сопругата Наташа биле на забава по повод раѓање на бебе, но сопружниците се искрале. Пилотот ја удрил сопругата, по што останатите гости го избркале надвор, а тој истрчал и украл мал авион.
Тој неколкупати заканувачки прелетал над зградата во близина на малиот аеродром и на мобилен телефон ѕвонел во куќата прашувајќи дали неговата сопруга е внатре, што ги натерало сите гости да избегаат надвор.
Во еден момент Вилџен се обрушил и удрил во зградата, во која немало никој. Во пожарот изгореле 13 автомобили паркирани во близина како и контролната кула.