Ново привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, привремено ќе биде затворен регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Патот делумно ќе биде затворан од 29 март (петок) до 2 април (идниот вторник), и тоа во периодот од 8:00 до 11:00 и од 13:00 до 15:30 часот. 

Треба да знаете
Последни објави