Рафи Еитан (92), еден од водечките агенти кои го уловија нацистичкиот воен злосторник Адолф Ајхман, почина во саботата во медицинскиот центар „Сураски“ во Тел Авив, објави Ynet News.
Еитан беше еден од осумтемина кои отпатуваа во Аргентина во 1960 година за да го фатат Ајхман, еден од главните архитекти на Холокаустот во кој беше забележан системски геноцид врз 6 милиони Евреи за време на Втората светска војна.
Ајхман потоа беше пренесен во Израел за да му се суди. Тој беше осуден на смрт со бесење и беше егзекутиран во 1962 година.
Еитан се смета за еден од основачите на израелската разузнавачка заедницабидејќи не само што беше агент на Мосад, туку и служеше и во Шин Бет, агенција за национална безбедност на Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху го нарече Еитан херој, пренесува „Џерусалем пост”.
„Рафи беше еден од хероите на разузнавачката служба на Израел во безброј дела за безбедноста на земјата”, рече Нетанјаху. „Не постои пандан за неговата мудрост, духовитост и бесконечна посветеност на израелскиот народ и на нашата земја”.
Претседателот Рувен Ривлин изјави дека Израел ја жали неговата смрт со глава наведната во негово сеќавање и со длабока благодарност.
„Изгубивме храбар борец чиј придонес за безбедноста на Израел ќе се раскажува низ генерациите што доаѓаат. Рафи Еитан беше роден борец кој се држеше до својата мисија и до она што е правилно”, напиша тој на Твитер.””.
Еитан е роден во 1926 година на кибуц во Израел во семејство на ционистички руски имигранти. Во 1944 година, на возраст од 18 години, ја започнал својата разузнавачка кариера со тајната еврејска милиција наречена Палмах, објави „Хаарец“.
Директорот на Мосад, Јоси Коен, рече дека Еитанбил еден од основачите на разузнавачката заедница и особено на Мосад.
„Неговите активности ќе бидат запишани во златната листа на историјата на државата”, рече тој.