Францускиот муслимански совет (ЦФЦМ), водечки претставник на муслиманите во Франција, денеска соопшти дека ги тужи Фејсбук и Јутјуб, бидејќи емитувале снимка од масакрот во Крајстчрч.
Масовното убиство во две џамии во Нов Зеланд беше пренесувано 17 минути во живо на Фејсбук профилот на напаѓачот.
Неколку часа по нападот снимката се уште можеше да се најде на Фејсбук, Твитер, Алфабетик, Јутјуб, како и на Инстаграм и Вокап, кои се во сопственост на Фејсбук.
Абдалах Зекри, претседател на опсерваторијата за исламофобија во ЦФЦМ, потврди дека тужбата е веќе поднесена.