(Видео) Искршил „ламборџини“ вредно 300.000 евра сакајќи да се трка сред Лондон

Сопственик на Lamborghini Huracan performanţe останал без својот „миленик“ откако одлучил да се трка во тесна уличка во Лондон со паркирани автомобили и минувачи. Имено возачот во такви услови се одлучил да ги испита можностите на неговиот Lamborghini и моторот V10 од 610 КС. Сето тоа се случувало на специјален настан организиран од салонот за Lamborghini во Лондон, кој бил замислен како релаксирачки собир на сопствениците на овие егзотични „тркачи“. Но секогаш постојат поединци кои сакаат да се покажат пред другите, што не е секогаш најдобра опција.

https://www.facebook.com/pogforever/videos/418262855402765/?t=0

Според очевидци, првично бил план да се тркаат зелено и сиво Lamborghini, но попаметниот од возачите сфатил дека е премногу опасно поради тесната уличка и сообраќајот од спротивен правец. Сопственикот на сивиот автомобил сепак решил да тргне и набрзо завршил во ограда…

Треба да знаете
Последни објави