Театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на здружението АРТОПИЈА, се враќа на репертоар во МКЦ со две изведби: вторник (26.03.2019) во 21 часот, во Џебно кино и среда (27.03.2019) во 21 часот во Џебно кино.
,,Да го поздравиш и да ми го бациш” е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.
Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.
Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.
Играат Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска, режијата е на Билјана Радиноска. Претставата не е наменета за лица под 16 години.