Израелската војска соопшти денеска дека почнала да изведува напади врз цели на Хамас во појасот Газа, неколку часа откако палестинска ракета погоди куќа во близина на Тел Авив.
Сведоци на кои се повикува „Ројтерс“ слушнале експлозија во појасот Газа непосредно пред војската да го издаде соопштението.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, по ракетниот напад ја прекина посетата на САД и рече дека ќе одговорат жестоко, а во меѓувреме израелската армија соопшти дека ги зајакнува војниците вдолж границата во Газа и ги повика резервистите.
Лидерите на Хамас во Газа почнаа да се кријат, јави „Гардијан“, стравувајќи од масовни воздушни напади врз нивните бази.