Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров му рекол денеска на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, дека смета оти САД настојуваат да организираат пуч во Венецуела и со тоа ја кршат Повелбата на Обединетите Нации, соопшти руското министерство за надворешни работи.
Претходно денеска, Стејт департментот јави дека Помпео ја повикал Русија да престане со нејзиното неконструктивно однесување, поддржувајќи го претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесе „Ројтерс“.