Малолетници со шрафцигер измасакрирале постар брачен пар, па потоа со часови се возеле во нивниот автомобил

Двајца малолетници, 15 и 16 години, од Босна и Херцеговина, се осомничени дека пред неколку дена извршиле грозоморно убиство на Салко (75) и Фатима Ѓогиќ (70), брачен пар од селото Шуматац крај Велика Кладуша.

Како што објавуваат регионалните медиуми, двајцата малолетници првин ги претепале, а потоа брутално убиле двајцата сопружници. Жената била убиена со над 20 убоди со шрафцигер во главата и вратот. Таа имала рани по рацете, што покажува дека се бранела, додека нејзиниот сопруг бил убиен со повеќе убоди по телото. Тој не можел да се брани бидејќи бил инвалид.

Според првичните информации од тамошните истражни органи, децата кои живееле во истото село, ги убиле соседите заради материјална корист. Од нив украле 10 евра, лап-топ, телевизор, златен накит, а по убиството неколку часа се возеле и со автомобилот на убиените соседи.

Убиените имале петмина синови кои живеат во странство, а убиениот Салко работел во Словенија.

По апсењето малеолетниците го признале убиството.

Треба да знаете
Последни објави