Под влијание на значително постудена воздушна маса од утре до четврток ќе има зголемена облачност, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за 10 степени во однос на денешната.
Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата.