Највисоките претставници на Пентагон добија разни подароци од странските влади во 2017 година, меѓу кои има сè, од ајфони до оружје, покажа извештајот од Стејт департментот.
Според законот, државата подготвува годишна листа на подароци или патни трошоци што им се даваат на владините претставници на САД во сите федерални агенции, цивилни и воени.
На врвот од листата на најскапите подароци е подарокот што го доби претседателот Доналд Трамп – калиграфски дисплеј и порцелански сет вреден повеќе од 30.000 долари, што ги доби од претседателот на Кина.
Тие подароци подоцна беа предадени на Националниот архив.
На врвот на листата на подароци на претставниците на Пентагон има мечеви, сабји и пушки, но и часовници.
Генерал Џозеф Вотел доби ајфон 7 и часовник од катарскиот началник на Генералштабот на вооружените сили. Генерал-мајор Хамад бин-Али на 17 јануари 2017 година му подари ајфон и часовник „Барон Филип“, во вредност од околу 650 и 750 долари.
Поранешниот министер за одбрана, Џим Матис, доби меч со глава на Медуза од грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос. Подарокот вреден околу 440 долари, се наоѓа во канцеларијата на министерот за одбрана заклучен со други подароци.
Матис доби друг вреден подарок од Катар, сабја и корица од 7.600 долари.
Претседателот на Украина Петро Порошенко му даде на Матис часовник и пушка Форт 224 во вредност од 3.870 долари.
Министерот за одбрана на Мексико му подари на Матис некои работи, вклучувајќи текила, церемонијален меч и други предмети, во вредност од околу 825 долари.
Владата на Кина му подари на еден официјален претставник на Пентагон три филџани за кафе, 12 воени музејски разгледници, ДВД, маици и очила за сонце и многу други работи. Сè е проценето на околу 816 долари.