Бебе на возраст од пет месеци почина во болница во Италија откако родителите дома му направиле постапка за обрежување, објави Би-Би-Си.
Бебето беше однесено во болница во Болоња поради срцев удар во петокот вечерта, но по кратко време починало. Властите во северниот регион Емилија Ромања отвориле истрага против родителите со потекло од Гана.
Сличен случај се случи и во декември минатата година, кога двегодишно момче почина по неуспешните обиди за обрежување во центарот за мигранти во Рим.
Во Италија годишно се прават речиси 5.000 обрежувања, а повеќе од една третина се нелегални.
Обрежувањето е легално во Европа, иако се почесто се смета за контроверзно. Судот во Германија издаде забрана за обрежување во 2012 година, откако дошло до компликации кај четиригодишно момче. Меѓутоа, подоцна истата година германските власти потврдија дека постапката е легална, ако обрежувањето е спроведено од стручен кадар.
Судот во Велика Британија, пак, донесе одлука во 2016 година дека таткото не може да го обреже синот ако мајката не се согласува.