Монографија „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година” ќе биде промовирана денеска на Медицинскиот факултет во Скопје.
Уредник на монографијата е Борислав Каранфилски, претседател на Националниот комитет за превенција на јоден дефицит, при Министерство за здравство.
Монографијата е поделена во четири стручни целини, кои преку 23 авторски трудови даваат осврт на: важноста на јодот во организмот и методите за негово следење, резултатите од студијата за јодниот статус кај школските деца, резултатите од студијата за јодниот и тироидниот статус кај бремени жените и тироидниот статус и неонаталниот скрининг кај новородените во периодот од 2002-2017 година.