Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот во интеграцискиот процес позитивно влијаат врз економијата. Потврда за тоа се најмалку пет клучни економски параметри.
- Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2018 година бележи раст од 3,7 отсто.
- Вратена е довербата во економијата а доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година.
- Растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години и изнесува 5,4 отсто.
- Во декември 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата од 8.1 процент.
- За наполни две години стапката на невработеност е намалена, а само во минатата година отворени се над 26.000 нови работни места.
Заклучокот е дека работите се движат во добар правец. Важно е напредокот да продолжи. Тоа значи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инветиции, нови работни места и подобар животен стандард.