По вчерашното реми на гостувањето кај репрезентацијата на Словенија, селекторот на нашата репрезентација изјави дека не е задоволен единствено од резултатот.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација не го криеше своето задоволство од играта на нашите фудбалери, иако смета дека требало да ги искористиме сите шанси и да ги освоиме трите бода.
„Пред почетокот на квалификациите кажав дека се што ќе биде над три бода на првите два дуели ќе биде добро за нас. Сепак, на ваква игра како против Словенија, требаше да победиме. Не сум задоволен единствено од резултатот“, изјави Ангеловски и додаде:
„Имавме шанси кои требаше да ги искористиме, само потребно ни беше повеќе концентрација. Создадовме многу шанси и тоа е најдобар доказ за квалитетот. Требаше да постигнеме уште еден гол“, изјави Ангеловски.