Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја презеде од Сирија за време на Арапско-израелската војна во 1967 година.
Документот претставува отстапување од американската политика во последниот половина век, наведе „АП“.
На потпишувањето во Белата куќа присуствуваше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој оцени дека односите меѓу САД и Израел никогаш не биле толку силни како што се сега.
Трамп овој потег го најави на „Твитер“ минатата недела. Тогаш портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич, која изјави дека Европската Унија не ја признава оваа област како дел од Израел.