Новопечените свршеници Џенифер Лопез и Алекс Родригез се поврзаа и во модниот свет, за новата кампања за очила за сонце на брендот Квеј Австралија.
– Квеј Австралија е еден од моите омилени брендови откако ги открив пред неколку години. Се вљубив во нив и оттогаш редовно ги носам. Кога се појави можноста за соработка, веднаш знаев дека тоа е полн погодок. А, тоа што работев со Алекс, беше само голем бонус. Тој исто така сака очила за сонце, како и јас, изјави Џенифер Лопез.
Сликите од кампањата се дело на Саша Самсонова, а сесијата се одржа во Мајами. Од „мачкини очи” до авијатичарскиот модел, овие дизајни совршено ќе го истакнат секој стил за летниот период.