Во сабота, на 30-ти март, на Големата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес со почеток во 20 часот ќе гостува македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски со неговото најново стендап шоу „Вештачка интелигенција природна глупост“.Еден човек со микрофон и 75 минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост.
Зошто и се случува ова на Македонија, дали љубовта е совршена и како ни влијае утринската програма на ТВ се само дел од темите во ова пеколно смешно стендап шоу.
Билетите за шоуто се веќе во продажба на билетарницата на театарот по цена од 150 ден.