Зошто треба редовно да јадете кељ?

Нутриционистите велат дека кељот е крал на зеленчукот бидејќи е богат со хранливи материи, растителни влакна, фитонутриенти и минерали кои се поволни за здравјето, а содржи малку калории.

 

Една шолја кељ содржи 1 грам масти, 25 милиграми натриум, 329 милиграми калиум, 6 грама јаглехидрати, 3 грама протеини и 2,6 грама растителни влакна.

Токму оваа дневна количина ќе ви даде доза витамини, минерали и антиоксиданси што ќе ви го подобрат здравјето.

Ова се само дел од поволните дејства на кељот врз здравјето: го намалува ризикот од хронични болести, го штити видот, помага во намалување на високиот крвен притисок, ги зајакнува коските.

Кељот не мора да го јадете само сиров. Многу истражувања покажале дека и термички преработениот кељ има подеднакво поволно дејство врз организмот како и свежиот.

Треба да знаете
Последни објави