Иднината на Хамес Родригез во Баерн Минхен останува непозната, а неколку медиуми веќе шпекулираат дека тој би можел да се врати во Реал Мадрид по крајот на оваа сезона.
Сепак, по враќањето на Зинедин Зидан во „кралскиот клуб“ јасно е дека и таму Хамес ќе биде прекуброен, па во летниот преоден рок ќе мора да бара нова алтернатива за својата иднина.
Можна дестинација за колумбискиот репрезентативец е Јувентус, клуб кој наводно пројавил интерес за неговите услуги.
И селекторот на репрезентацијата на Колубмија, Карлос Квеирош го советувал офанзивецот да се пресели во Торино каде повторно би заиграл во ист тим со Кристијано Роналдо.