Најдобар избор за оваа пролет!
Време е за лесни оброци кои го чистат телото од токсини. Никогаш нема да направите грешка ако сварите супа полна со зеленчук и ќе ја јадете во текот на денот. Наш предлог е зелена кремаста супа која на телото ја враќа потребната енергија и помага да го совладате пролетниот замор.
Потребно е: 300 грама спанаќ, 300 грама броколи, 1 главица кромид, 1 лук, магдонос, 1 корен од целер, 1 компир, сол и црн пипер, 2 кафени лажички масло.
Подготовка: Во тенџерe издинстајте го лукот, кромидот и целерот, потоа додадете компир, спанаќ и брокула. Ставете вода и варете околу половина час. Сето тоа измиксајте го во блендер, додадете сол, бибер и свеж магдонос.
Ако сакате да го исчистите вашето тело од токсини, јадете цел ден супа и пијте многу вода.