Јужнокорејската комисија заклучи дека нивната експериментална геотермална електрана, најверојатно, предизвикала земјотрес со јачина од 5,4 степени, што го погоди Поханг на 15 ноември 2017 година, пишува угледниот магазин „Нејчр“.
Комисијата ги објави своите наоди на 20 март.
Класичната геотермална електрана е како и секоја друга електрана, освен што пареата не е произведена од согорување на фосилните горива или други, туку е испумпана од земјата. Сепак, за разлика од конвенционалните геотермални постројки, кои енергијата ја извлекуваат директно од жешки подземни извори, електраната во Поханг ја вбризгала течноста под висок притисок во земјата, и со тоа постигнала висока температура. Всушност, притоа се користела технологија позната како напреден геотермален систем (ЕЕЗ).
Меѓутоа, поради гореспоменатиот притисок, се појавила серија мали ситни земјотреси, кои предизвикале голем земјотрес во 2017 година.
Горенаведениот земјотрес беше втор најсилен и најразорен во модерната историја на земјата. Имаше повредени 135 лица, а вкупната штета изнесуваше околу 290 милиони долари.
Јужнокорејското Министерство за трговија, индустрија и енергетика, кое ги обезбеди средствата за експерименталната постројка, вели во соопштението дека ги прифаќа наодите на Комисијата и дека „изразува длабоко жалење” на граѓаните на Поханг, чиј имот беше оштетен во земјотресот.
Министерството соопшти дека ќе ја демонтираат електраната, ќе го вратат градилиштето во првобитната состојба и ќе инвестираар околу 225 милиони долари за поправка на инфраструктурата на најтешко погодените области.