Фернандо Алонсо на два пати беше многу блиску до освојување на шампионатот со Ферари, но на крајот не успеа да ја постигне големата цел. Шпанецот помина пет години во Маранело, а во 2010 и 2012 малку му недостасуваше да го совлада Фетел.
Поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло го посочи тешкиот карактер на Фернандо како главна пречка тој да стане повеќекратен шампион како Михаел Шумахер или Ники Лауда.
– Тој беше Алонсо, а не Алонсо-Ферари. Кога ќе победи, е среќен. Кога не победува, тогаш неговиот тим е виновен, а тој е несреќен. Кажано поинаку, тој не беше така блиску до тимот како Михаел (Шумахер) или Ники (Лауда), особено во најтешките моменти. Да си блиску до тимот, кога е успешен, е лесно, вели легендарниот шеф на „црното коњче”.
Во однос на претставувањето, тој го постави Фернандо на исто ниво со Луис Хамилтон и Себастијан Фетел, додека во тркачки услови, според него, тој е многу блиску до Шумахер.
– За време на трка, Алонсо беше и уште е фантастичен пилот. Кога го загуби шампионатот (во 2010 и 2012 година) не беше поради негови грешки, додаде Монтеѕемоло пред официјалниот сајт на Ф1.