Полицијата и единицата за брза интервенција во Масачусетс одговориле на инцидент со активно пукање во хотелот „Натик“, пренесува „Спутник“.
Објектот бил евакуиран, а околу 75 гости и вработени се засолнили во кафетеријата на локалниот трговски центар.
Според официјалните лица, првично се верувало дека осомничениот напаѓач е во зградата на хотелот „Краун плаза“, но откако ја пребарале зградата, се покажало дека осомничениот избегал од местото на настанот.
Властите објавија дека најмалку едно лице е повредено иако не е јасно дали повредата е поврзана со пукањето. Полицијата во моментов бара повеќе осомничени лица.