Сури Круз со својата мајка Кејти Холмс престојуваше во бегалски камп во Грција

Кејти Холмс не е позната како #InstaMom, но овој пат актерката направи исклучок и објави приватна семејна фотографија на својата дванаесетгодишна ќерка Сури Круз како си игра со деца за време на посетата во кампот за бегалци „Морија“ во Грција.

Кејти и Сури времето го поминаа во бегалскиот камп со децата, но и со нивните мајки, објави „Мари-Клер“.

https://www.instagram.com/p/BvWKg7eHIyj/?utm_source=ig_embed

„Таа е преслатка“, „Добро сте ја воспитале, можете да се гордеете“, „Сè повеќе личи на татко ѝ“, „Ова е неверојатно бидејќи ретко гледаме фотографии од Сури, ти благодарам што ни дозволи да ѕирнеме во вашиот живот“, беа само некои од коментарите.

Кампот „Морија“ се наоѓа на грчкиот остров Лезбос, а во 2018 година тој беше на насловните страници на весниците во целиот свет поради ужасните услови за живеење што владеат таму. Неговиот капацитет е околу 2.000 бегалци, но во еден момент таму живееле околу 9.000 лица.

Приказните што со години доаѓаат од бегалските кампови се страшни, но неодамна ги потврди и координаторот на „Лекари без граници“, Деклан Бери, кој рече дека силувањата биле секојдневие – дури и на петгодишни деца! Папата Франциско, кога го посети овој камп, го спореди со концентрационен логор.

Кејти и Сури со својот престој во „Морија“ повторно го привлекоа вниманието на јавноста кон кампот кој работи во нечовечки услови. Се чини дека и двете учествуваа во снимањето на документарниот филм за кампот бидејќи на една од објавените фотографии се гледа Кејти, која ја снимаат со камера.

https://www.instagram.com/p/BvWGMC_HOw-/?utm_source=ig_embed

Патувањето на Кејти е дел од нејзината хуманитарна работа како глобален амбасадор за Artolution, уметничка организација која смета дека преку процесот на заедничко создавање уметност може да им помогне на различните заедници да се зближат во време на конфликти и социјални потреси.

Треба да знаете
Последни објави