Ќе се формира ресурсен центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на денешната седница ја усвои информацијата со предлог за воспоставување ресурсен центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање (Center of Exellence on Gender Responsive Budgeting).

Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање ќе обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање за вклучување на родовата компонента во јавните финансии, управувањето и креирањето политики.

Треба да знаете
Последни објави