Во Штип дебата на тема „Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните”

Во Штип денеска се одржа дебата на тема „Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните” во организација на  НВО инфо центарот, Народниот правобранител и Општина Штип.
Заменик Народниот правобранител, Јован Андонов на форумот истакна дека годишно добиваат по 4.000 претставки, или жалби од граѓаните по разни основи.

Граѓаните се обраќаат најчесто за остварување на права од социјалната сфера, права од работниот однос, потрошувачките права, непостапување на институциите од државната и локалната власт, правосудството, вели Андонов.

Тој истакна дека над 90 отсто од добиените претставки успешно се решаваат.

Правиме максимални напори, доколку сме во можност да издејствуваме позитивен исход по граѓанските претставки односно, проблемот да го решиме во нивна полза, за што имаме разбирање од институциите од централната и локална власт, додаде Андонов.

Елена Ѓоргоноска-Маневска заеминик Народен правобранител оцени дека штипјани често ја посетуваат канцеларијата, а најмногу претставки добиваат од областа на правосудство, повреда на правата по работен однос,  урбанизмот, градежниот инспекторат, комуналната дејност.

Од 20 до 30 отсто од претставките на штипјани се токму за сметка на работата на спомнатите служби од локалната самоуправа. Степенот на решавање на нивните жалби е над 90 отсто.

Треба да знаете
Последни објави