ЕУ издвои два милиона евра за јакнење на капацитетите на монетарните власти на Западен Балкан

Централната банка на Германија и Европската комисија започнаа заеднички проект за јакнење на капацитетот на централните банки на Западен Балкан.

Крајни корисници на „Програмата за јакнење на капацитетите на централните банки на Западен Балкан во рамки на интеграцијата во Европскиот систем на централните банки” се централните банки и банкарските супервизорски тела на кандидатите и потенцијалните кандидати за пристапување во Европската унија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

За оваа регионална програма, Европската унија издвои два милиона евра од својот Инструмент за пристапна помош (ИПА 2).

Целта на програмата е натамошно јакнење на капацитетите на институциите со унапредување на инструментите за анализа и спроведување мерки, како и пренесување на најдобрите меѓународни и европски стандарди во национална пракса.

Специфичната цел на оваа програма е натамошно унапредување на хармонизацијата со регулативата и стандардите на Европската унија и со меѓународните стандарди, јакнење на функциите на централните банки и системите за банкарска супервизија, како и натамошно усогласување на националното законодавство.

Централната банка на Германија заедно со 17 национални централни банки и со поддршка на Европската централна банка, организираат интензивна регионална програма за обука во врска со клучните прашања на централното банкарство и супервизијата.

Во рамки на програмата, Германската централна банка ќе соработува со централните банки на Белгија, Бугарија, Чешка, Грција, Шпанија, Франција, Хрватска, Италија, Литванија, Унгарија, Холандија, Австрија, Полска, Португалија, Романија, Словенија и Словачка.

Треба да знаете
Последни објави