На крајот од вечерашната дебата во емисијата „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на Зоран Заев му подари значка со знамето на Република Македонија, што премиерот категорично ја одби.
-Ние сме Северна Македонија, рече Заев и му ја врати значката на Мицкоски.
Тој, пак, ја закачи на реверот и му порача на премиерот дека „сега можат да го казнат“, но двајцата лидери сепак, н крајот си подадоа рака и ветија нови дуели, ако не нивни тогаш на идните лидери на двете главни партии.