Поранешниот претседател Стјепан Месиќ денеска најави дека размислува повторно да се кандидира за претседател на Хрватска. Тој рече дека уште не донел одлука, но дека го посетуваат многу групи, поединци, луѓе кои претставуваат авторитет во земјата.
,,Во моментов поблиску сум до одлуката дека не сакам, отколку што сакам, но се уште размислувам”, изјави Месиќ, кој упати критики до актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.