Мицкоски: Законот за обвинителство е средство за притисок врз опозицијата

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Само Вистина на телевизија Канал 5 вечерва во дуел разговараат за различни теми. Прва е Законот за обвинителството.

Според Мицкоски, Законот е средство за притисок врз опозицијата и му порача на Заев тоа да му го кажете чесно на народот, и не се во прашање реформите. Заев, пак, вели дека опозицијата пак сака да ја опструира државата да добие датум за преговори.

-Не пропаднаа преговорите, се надевам дека се уште траат. На процесот требаа да му се даде шанса да се истурка до крај па да видиме дали ќе биде позитивно или не. Поднесовме 65 амандмани до Министерството за правда и до меѓународните институции, а врз основа на принципот еднакви права за сите. Сакаме СЈО да се фузионира во Обвинителството за сериозен криминал и тоа обвинителство да ги истражи сомнителните работи пред 2008 година, изјави Мицкоски.

Според него, неопходно е да се формира комисија која треба да покаже како се потрошени 15 милиони евра дадени на СЈО оти постојат сознанија дека не се согласно законот потрошени.

-Не е праведно едни обвинители да земаат три пати помалку платени од тие од СЈО, што е со другите-помалку учеле, помалку вредат? ВМРО никогаш не штител криминалци туку Вие носевте  закони со цел некој да се заштити. Ако ви беше важно да се донесе Законот зошто не го доставевте во декември, јануари а не сега, земи или остави, вели Мицкоски.

Лидерот на опозицијата го повика Заев да ги прифатат амандманите бидејќи во спротивно Владата ќе биде виновник ако недонесување на Законот биде причина Македонија да не добие датум за преговори.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави