На 22-годишна возраст ѝ открија рак, денес ја негува кожата со нетоксични препарати

„Кога имав 21 година, ми дијагностицираа лимфом и си дадов задача да го испитам својот животен стил и да се запознаам со начините на кои можам да влијаам на исходот на лекувањето. Така открив дека она што го ставаме на нашето тело е еднакво важно колку и она што го внесуваме во него. Нашата кожа е нашиот најголем орган што апсорбира најмногу“, напиша Рејчел Алкоби во својот напис за Who What Wear.

Таа додаде дека направила свесна одлука да се откаже од производите што претходно ги користела и да се префрли на нетоксична нега на кожата.

https://www.instagram.com/p/Btd_zDpgiF3/?utm_source=ig_embed

„Можам да кажам дека немам рак три години и сакам да верувам дека тоа е поради мојата нетоксична рутина. Сакам со другите да ја споделам листата на потенцијално штетни производи што сум ги отфрлила“, истакна таа.

Кога станува збор за производите што не ги користи, клучни беа состојките во нив.

„Нема исклучоци кога станува збор за парабени, натриум лаурил сулфат, олово, вештачки парфеми и алуминиум. Овие состојки се наоѓаат во многу производи за нега на кожата, како што се вештачки дезодоранси, парфеми и средства за чистење на кожата што ги користев пред дијагнозата. Ризиците што ги носат овие производи може да бидат лесни, како што се акни, или тешки, како што се нарушени нивоа на естроген, што може да доведе до рак. Важно е постојано да ги читате етикетите на производите и свесно да се грижите за вашиот најголем орган“, вели Рејчел.

Треба да знаете
Последни објави