Прегазено шестгодишно дете во Липково

Шестгодишно дете биле тешко повредено откако во него удрил автомобил, вчера во село Опае, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 15.20 часот кога автомобил „БМВ“ што го управувал Ф.Ф.(24) од село Лопате, удрил во шестгодишникот од Опае.

Детето по укажаната помош во болницата во Куманово поради сериознота на повредите било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави