Јавноста веќе ја препознава ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажните вести, разоткриена уште една лага од белиот дворец

Со секојдневното пласирање на лаги, измислици и конструирани случаи, ВМРО-ДПМНЕ стана симбол за лажните вести.

Во отсуство на конкретни идеи, програма и мерки во интерес на граѓаните и државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно се посветија на лажни вести.

Последен случај на лажна вест од белиот дворец е за компанијата „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ за која ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека добила лиценца за одлгедување марихуана. Ова беше демантирано од надлежното Министерството за здравство кое  објави дека посочената компанија не само што нема добиено лиценца, туку нема ниту поднесено барање за почнување постапка за добивање лиценца.

Цели конструкции и измислени поврзувања ВМРО-ДПМНЕ прави врз основа на невистини и лажни вести. На тоа се сведуваат прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа јавноста, граѓаните веќе ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажни вести, измислици и невистини.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека со пласирање лажни вести и измислени, непостоечки случаи нема да можат да ја добијат довербата на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави