Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Само Вистина на телевизија Канал 5 вечерва во дуел разговараат за различни теми. Прва е Законот за обвинителството.
– Оптимист сум за реформите. Не се откажувам од Катица Јанев ниту од било кој друг обвинител од СЈО. Тежнееме да има вакво независно финансиско обвинителство и сите други обвинителства дА тежнеат кон него. Законот мора да биде подржан од сите за да продолжат реформите. Дали ќе го стопирате влезот на земјата во ЕУ за да се зашититат криминалците, го праша премиерот Мицкоски.
Според Заев, опозицијата треба еднаш да има став за некое прашање и на тој начин да биде чесна кон народот и да не го спречува напредокот на земјата.
Заев истакна дека ако ВМРО-ДПМНЕ се за влез на земјата во ЕУ и НАТО треба да го поддржи процесот и нагласи дека амандманите ќе ги разгледа. Посочи дека пред емисијата бил на ручек со странските амбасадори и не бил информиран дека се поднесени, но секој амандман кој во себе не крие заштита на криминал и доколку го подобрува законот ќе биде прифатен