Работник од Мебурн, Австралија освои 46,6 милиони австралиски долари на лото откако по грешка два пати го уплатил ливчето со исти броеви.
Тој го уплатил едното ливче во Сент Албанс, а потоа случајно уплатил уште едно.
Секое ливче му донесе добивка од 23,3 милиони долари, а џекпотот беше толку голем бидејќи никој го немаше освоено седум недели.
Во извлекувањето има уште еден добитник на 23,3 милиони долари во Хобарт. Да не ги уплател и двете ливчиња, двајцата ќе поделеа по 35 милиони долари.
Добитната комбинација е 12, 28, 24, 29, 9, 19 и 25, а дополнителните броеви се 12 и 31.
Мажот кој ги уплатил двете лото ливчиња рекол дека ги игра истите броеви 30 години и дека сега може да размислува да се пензионира, да купи нова куќа и да отиде на одмор со семејството.