Сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја Ристовска, никогаш не била вработена во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, информираат од МАПАС.
Оттаму ги замолуваат медиумите да извршат корекција на нивните објави со цел, како што велат, јавноста да биде точно информирана.
Медиумите денска објавија дека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори случаи против повеќе судии за злоупотреби и коруптивни дејствија и најавија дека по допрен глас ќе отворат и предмети за судир на интереси и за сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја Ристовска, за која посочија дека е вработена во МАПАС.