СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Г.(27) од село Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ’’неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.
На 04.08.2018 во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.