Со одлуката на Регулатроната комисија за енергетика, веќе од први април граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок за парно како што беше досега.
Паушалните сметки за исклучените граѓани од парно греење заминуваат во историјата.
Граѓаните кои не користат топлинска енергија кончено ќе бидат ослободени од плаќањето на паушалот кој им беше наметнат како редовна месечна сметка уште од 2011 година.
Со ова се решава долгогодишниот проблем на илјадници граѓани кои со години беа изложени на трошок за услуга која не ја користеа, се исправа долгогодишна неправда кон илјадници семејства во Скопје.
Според проценките 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугата
Се остварува уште едно ветување од Програмата, се реализизира една заложба на Владата предводена од СДСМ за намалување на трошоците и обезбедување повеќе пари кај граѓаните.
СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, намалени трошоци и повеќе пари во секоје семејство, кај секој граѓанин.