Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми оствари срдба со македонската дијаспора во Франција. Средбата се реализирала во просторите на амбасадата на Република Северна Македонија во Париз, во организација амбасадорката, г-ѓа Јадранка Чаушевска Димов. На средбата присуствувал и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски и директорот на агенцијата за иселеништво , Никола Шалваринов.
Министерот Адеми, во своето излагање првично се заблагодарил за присуството на дијаспората и изразил посебно задоволство од фактот дека истата е одлична интегрирана во Франција.
„Министерот Едмонд Адеми, ја истакна важноста на нашата дијаспората, и во таа насока информираше за веќе усвоената национална стратегија за соработка со дијаспората , документ кој ќе претставува основа за институционално поврзување на државата и дијаспората. Министерот на крај дополни дека како и сега така и во наредниот период Владата на Република Северна Македонија и тој како министер задолжен за дијаспора остануваат отворени за соработка во рамките на заедничкиот интерес и взаемниот бенефит. Државниот секретар на МНР, Димовски информираше за актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија, при што посебно го истакна потпишувањето на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО, и за идните предизвици и активности на нашата владата која останува максимално посветена на исполнување на сите реформи потребни за евроатлатските интеграции на земјата’, се вели во соопштението испратено од кабинетот на Адеми.